Фармацевтската компанија „Рош“ вчера, во Македонскиот народен театар (МНТ), прослави 15 години од својата работа во Македонија.
Голем број амбасадори, владини претставници, доктори, соработници, деловни партнери и голем број пријатели беа дел од прославата. Почесни гости и говорници беа првата дама на Македонија, Маја Иванова, директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, Стефано Лацарото, Амбасадор на Швајцарија во Македонија и Весна Цизеј, регионален директор на Рош за Централна Азија, Кавказ и за Источна Европа.
Концептот го осмисли и спроведе маркетиншката агенција „Република“, а кореографката Саша Ефтимова изработи кореграфија за настанот – театар на сенки, со наслов „Животот инспирира“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.