
Цената на нафтата денеска дополнително се намали во очекување на резултатот од состанокот на Европската централна банка и објавувањето на извештајот на американските резерви на нафта.
Цената на барел на американката „лесна“ нафта за испорака во март на пазарот во Њујорк се намали за 29 центи и достигна 47,49 долари. На Лондонската берза, барел северноморската нафта од типот брент за испорака во март достигна цена од 48,93 долари или поевтини за 10 центи.
Европската централна банка (ЕЦБ) денеска треба да донесе одлука дали ќе го објави планот за купување државни обврзници, со кои сака да ја раздвижи заспаната економија на еврозоната, што ќе доведе до натамошно слабеење на еврото.
Аналитичарите сметаат дека сфектот на слабеењето на еврото ќе се прелие на нафтата која ќе стане поскапа за европските земји.
Од друга страна, американското Министерство за енергетика денеска треба да го објави извештајот за резервите на нафта. Проценките се дека резервите на оваа суровина се зголемени за 2,7 милиони барели и сега изнесуваат 390, 3 милиони барели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


