| четврток, 6 декември 2018 |

Китаровиќ: Економската ситуација може да прерасне во безбедносна закана

колинда

Новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека економската ситуација во Хрватска е тешка и дека може да дојде до безбедносна криза.

– Ваквата состојба на економијата може да доведе и до безбедносна криза како што видовме во Грција, иако не верувам во грчко сценаријо бидејќи Хрватската народна банка има девизни резерви и начини како да спречи грчко сценарио – изјави Грабар-Китаровиќ.

Колинда Грабар-Китаровиќ најави дека веднаш по инаугурацијата ќе побара посебна седница на Владата на која ќе се расправа за тешката економска состојба во Хрватска, што може да доведе и до безбедносна криза.

Новата претседателка на Хрватска изрази разочарување од моменталната состојба во Хрватска бидејќи верувала дека земјата ќе биде во „средниот ешалон“ на земји-членки на ЕУ, а не меѓу најсиромашните и меѓу петте најкорумпирани. Таа ја обвини сегашната влада за неуспехот во активирањето на средствата од европските фондови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top