| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен грабеж во „Макпетрол“

makpetrol

Тројца маскирани разбојници синоќа во 3.30 часот ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ на улица „Антон Попов“ во скопската населба Кисела Вода, соопшти МВР.

Едниот од разбојниците бил вооружен со пиштол и со закана од двајцата вработени на бензинската пумпа украл околу 50.000 денари и избегал.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top