Во искрено интервју, за српски медиум, најдобрата другарка на покојниот Тоше Проески го опишува животот на Тоше зад сцена и се присетува на најубавите моменти поминати со него.
Тоше Проески несреќно загина на 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа, а осум години подоцна, една од неговите најблиски другарки, Ања Миронова, реши да проговори за неговиот приватен живот, како и за фактот дека сè повеќе луѓе го користат неговото име за лична промоција.
За Тоше има само убави спомени и тврди дека секогаш бил тука ако треба да помогне.
– Можам да кажам дека тој беше личност за цел живот, на која секогаш може да се потпрете, како на пријател и брат. Секогаш искрен, вечен оптимист, секогаш позитивен, но воедно многу емотивен и силен. Тоше не можеше да го сретнете изнервиран, да се кара или да навредува некого. Секогаш беше насмеан, дури и кога не му беше до смеење, сè би направил другите да бидат расположени и секому би му посветил по некоја минута внимание – вели Ана.
Таа посебно нагласува дека по несреќата најмногу ја нервирало тоа што многумина почнаа да се поврзуваат со него, иако воопшто не биле блиски.
– Многу ме нервира фактот, почнувајќи од обожавателите, па сè до луѓето што, можеби, неколку пати се нашле во негова близина, а кои го нарекуваат пријател и даваат изјави за медиуми дека Тоше бил ангел или некакво вонземно чудо.
Дали тие луѓе имаат искрени чувства и почит?
Апсурдно ми е да читам или слушам такви изјави, со што сигурна сум ќе се согласат тие што, навистина, го познаваа. Да се разбереме, Тоше не беше никаков светец.
Тој беше само момче какво во денешно време тешко се сретнува, затоа што реткост е да сретнеш толку комплетна личност, која би му помогнала на дете, но и на човек од 100 години. Тоа денес го нема, и морам да признаам дека се срамам поради тоа во име на сите луѓе.
Тој, пред сè, беше многу воспитано и побожно момче. Културата, побожноста, добрината, која се носи од семејството и од црквата, се работи што најмногу го одликуваа Тоше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.