Институтот за економски истражувања при Универзитетот во Минхен (ИФО) предвидува дека од вкупната штета од 250 милијарди евра што би била предизвикана со евентуален излез на Грција од Еврозоната дури 77 милијарди ќе треба да бидат санирани од Германија.
Како што пренесува МИА, претседателот на ИФО Ханс-Вернер Син, познат по своите заштитнички ставови за германските бизнис-интереси, за весникот „Гардијан“ изјави дека е глупаво да се биде уценуван од Ципрас и дека би било подобро да ѝ се дозволи на Грција да си замине.
Според Син, загубите од излезот на Грција од еврозоната ќе бидат помали од постојаното членство со бескрајни заеми и простување на долгот.
Според Син, најдобар начин да се реши проблемот со Грција е да се организира конференција на која би можело да се преговара за одложување на долгот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција