Министерот за транспорт и за врски Миле Јанакиески денеска ќе презентира детали од договорот со компанијата „Визер“, која воведува авионски линии кон шест нови европски дестинации.
Во согласност со договорот потпишан пред една недела, „Визер“ од јуни годинава ќе почне со директни летови за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрихсхафенпет од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, двапати неделно. Од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, пак, ќе лета до Базел, исто така, двапати неделно.
Министерството за транспорт и врски го потпиша договорот со нискобуџетната компанија за финансиска поддршка на овие авионски линии за периодот од 2015 година до 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.