| четврток, 6 декември 2018 |

Руските сили го зголемуваат арсеналот во Украина

НАТО денеска соопшти дека е регистрирано зголемување на бројот на тенкови, артилерија и друга воена опрема што ја користат руските војници во источниот дел на Украина.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО неколку месеци ја надгледувал руската армија во Украина и во последно време е забележано зголемување на арсеналот.

Столтенберг не сакаше да каже, според мислењето на НАТО, колку точно руски војници се наоѓаат во Украина.

Од друга страна, Москва го негира тврдењето на Украина дека во таа држава има руски сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top