Македонската музичка естрада вечер во спортската сала „Младост“ во Битола ќе одржи хуманитарен концерт од кој собраните средства ќе бидат наменети за лекување на петгодишниот Давид Домазетовски.
Организаторите соопштија дека во Битола ќе настапат Виктор Апостоловски, Наде Талевска, Ламбе Алабаковски, Наташа Малинкова, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Бојан Стојков, Татјана Стефановска и други музичари од македонската поп и фолк сцена.
Петгодишниот Давид Домазетовски деновиве беше опериран поради тумор во главата и се уште е на болничко лекување, за што се неопходни дополнителни финансиски средства што треба да ги обезбеди неговото семејство. Затоа вечер ќе биде организаран хуманитарен концерт, информираше организацискиот одбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.