Голем одрон утрово го прекина сообраќајот на патот Кичево – Охрид, во близина на селата Извор и Подвис, во месноста Овчанско речиште, соопшти ЈП Македонија пат.
Поради обилноста на паднатите карпи, околу 70 кубни метри, сообраќајот е во прекин и е пренасочен. Движењето се одвива отежнато, поради бавното движење на тешките товарни возила.
Екипи на Македонија пат го расчистуваат местото. Се очеува расчистувањето да трае неколку часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.