Светските медиуми веднаш по прогласувањето на новиот папа го истражуваат секое делче од неговиот живот. Освен тоа што е познато дека е особено скромен и дека е на страната на бедните и безпомошните, откриена е и Амелија. Станува збор за фаталната жена за тогашниот Хорхе Марија Бергољо.
Аргентинските медиуми ја пронашле Амелија, која била запросена од Хорхе, но таа одбила. По големото разочарување, тој станал свештеник.
– Омажи се за мене или ќе се замонашам – рекол Бергољо.
Амелија пред медиумите негира дека ја одбила неговата понуда.
– Нашата љубов ја прекина мојот татко. Во една пригода татко ми го прочита писмото што ми го испрати Хорхе, ме претепа бидејќи тогаш не ми дозволуваше да се дружам со машки – рекла Амелија. Во писмото сегашниот папа ја нацртал нивната заедничка куќа која ќе ја купел за Амелија кога ќе се венчале.
Сепак, таа вели дека со духот сѐ уште е заедно со Хорхе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.