| четврток, 6 декември 2018 |

Полјаци се обиделе да шверцуваат марихуана преку „Ќафасан“

Во заедничка акциска контрола на Царинската управа на Република Македонија и граничната полиција-регионален центар „Запад“, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ била пронајдена и одземена 1,6 килограма марихуана. 

Во рамки на акцијата три лица, полски државјани, биле приведени, а еден е во бегство.

– Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две пакувања обвиткани со салотејп-лента. Тоа било забележано од царинските и полициските службеници кои се упатиле кон двајцата полски државјани. Во истиот момент лицето E.Д.В.(28) започнал да бега кон шумата упатувајќи се кон каменоломот, а лицата С.K.K. (29), Л.Д.З. (62) и Б.Д (28) се приведени – информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. 

Пронајдената дрога, како што додаде Димоски,  е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Во тек се мерки за пронаоѓање на полскиот државјанин по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top