Грчката влада сака да отпушти повеќе од пет илјади државни службеници до крајот на следната година за да ја затвори најновата рунда преговори со тројката, пишува „Катимерини“.
Претставниците на меѓународната тројка кредитори вчера си заминаа од Атина, но повторно ќе се вратат на почетокот на април.
– Идентификувавме голем број области во кои реформите, всушност, ги надминаа очекувањата и се одликуваат со значајни и трајни резултати. Генерално, пораката е сосема позитивна, но сè уште има уште многу да се направи – изјави портпролот на Европската комисија, Сајмон О’Конор.
Клучните прашања за кои Грција и нејзините кредитори треба допрва да се согласат се шемата за резерва на државни службеници, плаќање на долговите кон државата, вонредниот данок на имот и можниот фискален дефицит.
Грчката влада, според „Катимерини“, е подготвена до крајот на следната година да понуди да отпушти пет илјади од 25 илјади државни службеници, кои годинава ќе се приклучат на шемата за мобилност.
Во однос на вонредниот данок на имот, кој беше воведен во 2011 година и се наплатува преку сметките за електрична енергија, грчката страна не била во можност да ја убеди тројката дека има подеднакво ефикасен метод за собирање на многу потребните приходи.
„Катимерини“, исто така, дознава дека тројката изразила загриженост дека, врз основа на проекциите, фондовите за социјално осигурување на Грција годинава ќе соберат 500 милиони евра помалку придонеси отколку што се очекуваше.
Владата сѐ уште врши притисок данокот на додадена вредност за рестораните да се намали од 23 на 13 проценти.
Обезбедувањето на следната рата од заемот во вредност од 2,8 милијарди евра е од суштинско значење за да се избегне нарушување на кредибилитетот на коалицијата.
Според О’Конор, исплатата повеќе зависи од исполнувањето на претходно поставените цели отколку од завршување на преговорите со тројката.
Грчкиот премиерот Андонис Самарас вчера пристигна во Брисел на самит на лидери на ЕУ, од каде што ја повика Унијата да се фокусира на развојот и невработеноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција