| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во монденски италијански скијачки центар?

zaevЛидерот на опозицискиот СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, најверојатно, зимувал во Италија, дознава Нетпрес. Тој се вратил пред неколку дена, а претпоставките се дека престојувал во монденски зимски центар.

Интересно е тоа што во периодот додека тој, најверојатно, зимувал и скијал по монденското италијанско туристичко место, се појави негово интервју во медиумите блиски на опозицијата. Оттука се отвора прашањето дали тој навистина бил интервјуиран или, пак, сета работа ја завршил неговиот партиски тим задолжен за односи со јавноста, на чие чело е новинарот Роберт Поповски.

Слично беше и изминатото лето. Каде летуваше првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, и зошто опозицијата тогаш молчеше за локацијата. Медиумите пишуваа дека Заев одмарал во Грција, но официјален одговор за тоа каде летувал опозицискиот лидер никогаш немаше. СДСМ објави соопштение, но не одговори конкретно, само потврди дека Заев одмарал во Грција.

Ваквото избегнување на прашањето отвори тогаш редица други прашања.

– Молчат и портпаролот и сопартијците, но струмичани знаат дека Заеви се чести гости во Грција, каде што поседуваат луксузна куќа. Заев за време на својот одмор престојувал во луксузна куќа на грчкото крајбрежје, која е во негова сопственост, а според муабетите кои кружат во Струмица, чести посетители на таа куќа биле и новинарски имиња од Македонија – објави тогаш порталот „Курир“.

– Струмичани знаат дека Заеви се чести гости во Грција, особено во летниот период. Како што таму говорат граѓаните, а и некои медиуми веќе пишуваа за тоа, Заев поседува одреден недвижен имот кај нашиот јужен сосед – беше наведено во објавеното.

И пред неколку месеци, посетите на Заев во Грција го разбудија интересот и сомнежот кај македонските граѓани. Како што тогаш објави весникот „Дневник“, Заев неколку пати ја минувал македонско-грчката граница пешки, на излез и на влез. Весникот праша зошто би го правел тоа човек кој поседува автомобил од 80.000 евра. И за оваа афера раководството на СДСМ молчеше.

За финансиската состојба, луксузните автомобили и недвижнини на Заев веќе долго време се пишува во македонските медиуми. Новонастанатата состојба го остави отворено прашањето – што сака Заев да сокрие од јавноста молчејќи каде летува и каде зимува?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top