Пуштена е во употреба реконструираната водоводна линија во Ростуше, а таму присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој оствари средба и со граѓани, заедно со градоначалникот Мукрем Мехмеди.
Министерот Јанакиески го потенцираше значењето на проектот кој е со вкупна инвестициона вредност од околу осум милиони денари, изградени се четири краци на водоводната линија со што се овозможи непречен проток на на жителите и се реши еден долгогодишен проблем со кој се соочуваа жителите од Ростуше.
-Ваквите проекти се од огромно значење за жителите на овие населени места и ние како Влада, секојдневно ги слушаме повиците од граѓаните, излегуваме на терен и ги решаваме нивните проблеми, рече министерот Јанакиески.
Тој најави почеток на изградба на патниот правец Бошков мост-Дебар, инвестиција од осум милиони евра со која значително ќе се подобри патната мрежа за побезбеден и ефикасен транспорт.
-Во тој контекст токму во соработката на централната и локалната власт целта ни е да создадеме услови за поквалитетен живот за жителите на оваа општина и забрзан локален економски развој, истакна министерот Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид