| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Јанакиески: Годинава ќе се гради патниот правец Бошков мост – Дебар

Пуштена е во употреба реконструираната водоводна линија во Ростуше, а таму присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој оствари средба и со граѓани, заедно со градоначалникот Мукрем Мехмеди.

Министерот Јанакиески го потенцираше значењето на проектот кој е со вкупна инвестициона вредност од околу осум милиони денари, изградени се четири краци на водоводната линија со што се овозможи непречен проток  на на жителите и се реши еден долгогодишен проблем со кој се соочуваа жителите од Ростуше.

-Ваквите проекти се од огромно значење за жителите на овие населени места и ние како Влада, секојдневно ги слушаме повиците од граѓаните, излегуваме на терен и ги решаваме нивните проблеми, рече министерот Јанакиески.

Тој најави почеток на изградба на патниот правец Бошков мост-Дебар, инвестиција од осум милиони евра со која значително ќе се подобри патната мрежа за побезбеден и ефикасен транспорт.

-Во тој контекст токму во соработката на централната и локалната власт целта ни е да создадеме услови за поквалитетен живот за жителите на оваа општина и забрзан локален економски развој, истакна министерот Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top