Осум решенија против осум вработени во Министерството за внатрешни работи се донесени по спроведена дисциплинска постапка поради сторени повреди во работењето, согласно одредби од Колективниот договор на МВР, објави „Утрински весник“.
Како што соопшти МВР, во постапката спорведена минатата недела на четири вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден мерка „писмено предупредување”, на двајца “отказ“, и на еден вработен мерка “распоредување еден степен пониско”.
На Џ.С. командир ПО Групчин изречена му е мерка “парична казна” (постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството).
Г.С. самостоен инспектор Единица за ЈРМ изречена му е мерка „писмено предупредување” (со службено возило отишол дома, наместо да го врати во полициска станица).
Б.Н. виш инспектор за НТ со дрога и оружје НК за КР Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар).
Н.Ш. виш инспектор за општ криминалитет НК за КР Струга изречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил ОЈО).
И.И. помлад инспектор за општ криминалитет СВР Куманово изречена му е мерка “отказ” (не постапувал по барања на ОЈО и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок).
А.Ф. полицаец во ЕСЗ изречена му е мерка “отказ” (при извршена анализа му било утврдено присуство на марихуана).
С.С. полицаец во ЕБР изречена му е мерка “распоредување еден степен пониско” (изврши дејствие што претставува прекршок против јавниот ред и мир).
Г.П. полицаец во ПС за БПС Демир Капија изречена му е мерка “парична казна” (заспал на работно место).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


