Во стабилна здравствена состојба се патничката и возачот на автомобилот по вчерашната страотна сообраќајна несреќа која ги потресе граѓаните на Штип, велат докторите.
Во несреќата повредени беа 12-мина патници. Поради сериозноста на повредите двајца итно беа пренесени во Ургентниот центар во Скопје. По извршените прегледи патничката е згрижена на Клиниката за уво, нос и грло.
Докторите велат дека таа е во стабилна здравствена состојба. Надвор од животна опасност е и возачот на автомобилот, кој поради сериозноста на повредите е згрижен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Дежурниот доктор на Карил вели дека тој е во стабилна и контактибилна состојба, иако е примен со скршеници на ребрата и набиени бели дробови. Докторите ја следат нивната здравствена состојба.
Несреќата се случи синоќа на патот Штип- Велес кај месноста „Три чешми“ при што се судрија мини бус и автомобил.
Возачот на автомобилот излегувајќи од бензинската пумпа, се судрил со минибусот кој сообраќал по коловозот. Во минибусот се превезувале 10 патници, помеѓу кои и една трудница.
Тешко повредениот од собраќајката која се случи во штип е дувачот на групата премиер Тунај Шавлев од групата „Премиер“. Вечерва Тунај тргнал од Струмица за Скопје каде со неговата група имаа свирка излегувајки од Бензиска со неговиот автомобил наидол на друго возило и се случил директен судар. Нашата еекипа ги контактираше групата премиер ,кој потврдија дека повредениот е нивни член ,кој и го посетиле на клинички и дека има 4 ребра скршени и други повреди
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил