
Советот за безбедност на Обединетите нации ги поздрави преговорите во Женева меѓу либиските фракции, кои почнаа оваа недела, но се закани дека ќе воведе санкции кон некои групации во Либија, доколку во земјата не бидат воспоставени мир и безбедност.
СБ предупреди синоќа дека неговиот комитет за либиските санкции е подготвен да ги „санкционира оние, кои претставуваат закана за мирот, стабилноста и безбедноста или се спротивставуваат или пречат кон мирното завршување на политичката транзиција“.
Четири години по падот на режимот на Момаер Гадафи вооружени групации војуваат за проширување на своето влијание во Либија, од што страда нафтената инфрастуктура во земјата.
Мировните преговори, под покровителство на ОН имаат за цел создавање на влада на национално единство, прекин на судирите и активирање на процесот на демократизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим


