| четврток, 6 декември 2018 |

Жирито полуде по нашиот Трајче (видео)

Единаесетгодишниот Трајче Георгиев повторно фасцинираше во натпреварувањето на „Ѕвездичките на Пинк“ .

Со својот феноменален настап и во четвртиот круг, без здив ја остави публиката и доби стоечки овации од петочленото жири. Трајче овојпат ја изведе „Душо варљива“, од Влатко Лозановски.

Иако никој од жирито не ја знаеше оваа песна, на крајот сите имаа само пофалби за Трајче.

-Морам да ти признам, мислев дека нема да знаеш да пееш ниту на српски, ни на македонски. Ова вечерва беше маестрално во секоја смисла на зборот, затоа што ти си нешто што навистина ни е потребно во ова натпреварување, истакна Гоца Тржан воодушевено.

„Сите одлепија на Трајче“, вели Јелена Томашевиќ.

Неговиот настап предизвика такви емоции, што жирито не можеше да престане да коментира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top