Ефикасноста на вакцината против грип секоја сезона е под знак прашалник, а американските медиуми објавуваат дека таа има само 23 отсто успешност.
Според „Њузер“, годинешната вакцина е „неефикасна“ бидејќи во себе не го содржи вирусот кој оваа година е најраспространет во САД, па со тоа се забележани и најлошите резултати во оваа деценија.
Американските здравствени власти рутински спроведуваат истражување секоја година и тврдат дека состојбата одамна не била полоша.
Во најдобрите години вакцините имаат од 50 до 60 отсто успешност. Оваа година е значително невообичаено, изјави докторката Алиша Фрај од американскиот Центар за превенција и контрола на заразни болести (ЦДЦ).
Од овој Центар минатот месец предупр едија за ваквата состојба кога соопштија дека годинешниот рецепт нема да ги содржи потребните видови на вирусот на грип.
Рецептот обично се подготвува уште во февруари, повеќе од половина година пред сезоната на грип, а докторите во САД оваа година ги изненади вирусот Х3Н2, кој е заслужен за две третини од случаите на грип во САД оваа зима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.