| четврток, 6 декември 2018 |

Обама и Камерон договорија силни санкции кон Русија

obama cameronСАД и Велика Британија се договорија да го задржат нивото на „силни санкции“ кон Русија поради нејзините акции во Украина, објавија Барак Обама и Дејвид Камерон на заедничка прес конференција.

– Се согласивме да задржиме силни санкции кон Русија се додека не се заврши агресијата во Украина, како и доколку е потребно да ја поддржиме Украина во спроведувањето на важни економски и демократски реформи, изјави Обама.

Американскиот претседател нагласи дека дел од разговорот со Камерон бил посветен на борбата против тероризмот, откако во напади во Париз минатата недела загинаа 17 лица.  Обама истакна дека двете земји се на страната на Франција и сите сојузници кои се борат против тероризмот, како и дека ќе сторат се да помогнат Франција да оствари правда. Камерон, во однос на тероризмот, изјави дека знае со што се соочува и знае како да победи.

Обама и Камерон изразија согласност против нови санкции за Иран, нагласувајќи дека тоа може да наштети на преговорите за нуклеарната програма на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top