| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за десетмина, условна казна за 48-мина во случајот „Змиско око 1“

Десет лица се осудени на затворски казни, 48 обвинети со условни казни, а петмина беа ослободени на повторениот процес за случајот „Змиско око 1“.

Казните затвор се движат од од две до четири години за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување.

Четириесет и осум обвинети за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување добија условна осуда од 2 години казна затвор која нема да се реализира доколку во следните 5 години не сторат ново кривично дело. Тие се ослободени од кривичното дело злосторничко здружување.

Петмина обвинети се ослободуваат од обвинение. Обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата на Агенцијата за државни патишта во износ од 2,7 милиони евра.

Во акцијата Акцијата „Змиско око 1“ беа приведени 72-ца вработени во ЈП „Македонија“ пат во 2007 година.

Според обвинението инкасантите на наплатните рампи здружени во група проневериле милиони евра со тоа што на патниците им наплаќале половина од цената, а парите ги присвојувале за себе.

На останатите обвинети во овој случај им се суди во одвоена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top