| четврток, 6 декември 2018 |

Грците штедат на леб

еврокризаГрците почнаа да штедат на леб поради сиромаштија, покажуваат резултатите од истражувањето на грчката Федерација на производителите на леб, според кое производството на 90 отсто од фурните во земјата е намалено за 36 проценти.

Двајца од десет потрошувачи, кои учествувале во анкетата, изјавиле дека веќе не купуваат леб. Секој втор испитаник одговорил дека повеќе сака да купува леб од фурна поради неговиот подобар квалитет.

Прогнозите за развој на овој секторот во следните две години не се воопшто добри. Се очекува 3.000 од вкупно 14.000 фурни во Грција да бидат затворени, изјави претседателот на Федерацијата, Михалис Мусиос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top