Претседателот на Камерун, Пол Бија, изјави дека Чад ќе испрати војници во неговата земја, кои ќе помогнат во борбата со нигериските исламисти од Боко харам.
Бија не прецизира колку војници Чад ќе испрати ниту датумот на нивното распоредување во Камерун.
– Ангажманот на војниците од Чад е во рамките на одличните пријателски и добрососедски односи кои ги поврзуваат двете држави, кои граничат со Нигерија, бастион на Боко харам – се посочува во соопштението на камерунската влада.
Боко харам повеќе месеци презема трансгранични напади во северниот дел на Камерун, поставува експлозиви, напаѓа камиони и воени бази, подметнува пожари во селата и краде стока.
Нигериската армија во вторникот елиминира 42 борци на Боко харам при обидот на групата да го заземе североисточниот град Биу. Армијата уапсила и петмина бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.