| четврток, 6 декември 2018 |

Нигериската армија ослободи 200 девојки и 93 жени во операција против „Боко харам“

boko

Нигериската армија ослободи 200 девојки и 93 жени при операција за ослободување на Самбиса од исламистичката вооружена група „Боко харам“, соопштија нигериската армија.

– Денеска напладне војската ослободи 200 девојки и 93 жени од шумата Самбиса – се наведува во вчера објавеното соопштение.

Во операцијата на армијата се уништени три кампови на екстремисти.

Во април минатата година „Боко харам“ киднапира над 200 ученички во близини гратчето Чибок, што предизвика меѓународно негодување и протести.

Самбиса е поранешен колонијален резерват во североисточниот дел на Нигерија, на околу 100 километри од Чибок.

Киднапираните 200 нигериски ученички од минатата година не се меѓу ослободените жени и девојки во вчерашната операција на армијата, соопшти полковникот Сани Усман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top