Преку ноќта изутринава времето беше ведро и студено, во повисоките места со слаб ветер претежно од јужен правец.
Во седум часот беа измерени следните температури: -8 Битола, Тетово и Берово, -6, Скопје-Петровец, -5, Кр.Паланка, Куманово и Д.Капија, -4 Скопје -З.Рид, Штип, Струмица, Прилеп, Виница, Маврово и Дебар, -3 Кавадарци, Претор и Лазарополе, -2 Охрид, -1 Гевгелија и Крушево, 2 Дојран.
Во текот на денот не очекува сончево време со мала облачност, претпладне со слаба магла по некои котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 3 до 13 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со слаба магла, попладне сончево со слаб јужен ветер Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини. Од недела попладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.