Повеќе од 20 лица се водат како исчезнати, откако во реката Јангце во источната кинеска провинција Џангсу, потона реморкер, јави денеска кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Меѓу исчезнатите има седум или осум странци, кои работеле на бродот, вклучувајќи и државјани од Сингапур и Јапонија. Постои можност меѓу исчезнатите да има и еден Французин.
Три лица се спасени, а спасувачката акција продолжува. Реморкерот за време на несреќата имал пробна пловидба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.