| четврток, 6 декември 2018 |

Утре сончево време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од два до 12 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде умерено облачно со слаба магла, а попладне сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла по котлините. Од недела попладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top