| четврток, 6 декември 2018 |

Делчево со нова спортска сала

делчево салаВо Делчево е пуштена новата спортска сала  на основното училиште „Свети Климент Охридски“, во рамки на проектот „Изградба на 145 училишни спортски сали во Македонија“.

– Изградбата на 145 спортски сали отпочна 2009 година и претставува проект со трајна вредност, кој ќе биде спомен на денешните и генерациите што доаѓаат. Изградбата носи новини, напредок, нова сила и енергија, рече министерот за образование и наука Панче Кралев на свеченоста по повод предавањето во употреба на спортската сала.

Салата е со корисна површина од 650 метри квадратни и е изградена според најновите стандарди за ваков тип објекти, со енергетска ефикасност, сигурност и квалитет на вградените материјали. Во изградбата на новата спортска сала во Делчево се инвестирани 24 милиони денари, обезбедени од Буџетот  и Банката за развој при Советот на Европа. Новиот спортски објект ќе го користат не само 712 ученици на ова училиште, туку и спортските екипи од градот и Општината. Располага со гардероби, туш-кабини, посебни простории за наставниците и други помошни простории.

– Верувам дека со отворањето на новите спортски објекти, создаваме услови за откривање нови таленти, во разни спортски дисциплини, идни освојувачи на медали, кои достојно ќе ги промовираат Делчево и Република Македонија во меѓународни рамки, истакна министерот Кралев.

На свеченото пуштање во употреба на салата присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

– Во Делчево сме сведоци на целосното исполнување на предизвобрното ветување на ВМРО-ДПМНЕ со пуштањето на оваа втора спортскам сал во овој град од Проектопт за изградба на 145 спортски сали во Македонија. Овие сали се од огтомно значење за младите и спортските клубови и веруваме дека ќе бидат формирани и нови спортски клубови во насока на подигање на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај младите со цел креирање на нови вредности, создавање на подобро општество и подобри луѓе, рече во обраќањето Пешевски.

Тој нагласи дека Владата и понатаму со целиот свој капацитет ќе ги продолжи реформите и инвестициите, не само во образованието и спортот туку и во сите сегменти, затоа што овој народ го заслужува тоа.

– За да се реализираат вакви проекти неопходна е соработка на централната со локиалната власт. Таа соработка ја имавме досега, а убеден сум дека ќе ја имаме и во иднина со новиот градоначалник и со новиот совет, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top