Проклетство ли се парите и славата? Прашајте ги Линдзи Лохан, Мајли Сајрус, Меколи Калкин.
Видете ги приказните на богатите американски семејства. Тие имале сѐ, слава, пари, младост, убавина, но не живееле среќно како во приказните.
Семејството Хоган
Во 2005 година кечерот Халк Хоган добива профитабилен предлог за реално шоу, што ќе го промени неговиот живот. Поголемиот дел од емисиите се вртат околу кариерата на неговата ќерка Брук, која се обидува да се пробие како пејачка.
Во 2007 година неговиот син Ник направи сообраќајка, во која за малку ќе го убиеше својот најдобар пријател. Тој имаше и неколку други проблеми со законот. Шоуто престана да се емитува. Во меѓувреме се откри дека неговата сопруга има млад љубовник, кој е пријател на нивната ќерка. Двајцата се разведоа.
Семејството Сајрус
Пред години Били Реј Сајрус стана ѕвезда во САД со хитот „Achy Breaky Heart“. Потоа неговата слава згасна, но во 2006 година во шоу-бизнисот влезе неговата ќерка, Мајли Сајрус. Првично тоа беше прилично културно, таа ја играше улогата на Хана Монтана во серијата на „Дизни“. Серијата имаше 4 сезони и беше многу успешна.
Славата, сепак, не влијаше добро на Мајли, која денес е една од најскандалозните пејачки во САД.
Семејството Калкин
Меколи Калкин стана суперѕвезда со филмот „Сам дома“. Неговата слава им донесе многу пари на неговите родители, а кога двајцата стигнаа до развод, работите тргнаа на лошо. Кристофер и Патриша Калкин се расправаа во судот за тоа кој да го преземе старателство над децата, а кој ќе го преземе старателството, тој ги добива и нивните пари. Во судот излегоа доста валкани работи, во врска со злоупотреба на алкохол, семејно насилство.
Меколи Калкин признава дека има проблеми со дрогата и се оправдува со тешко детство.
Семејството Лохан
Мајката на Линдзи Лохан некогаш сакала да направи кариера како актерка, но не успеала. Кога нејзината ќерка станува ѕвезда, наместо да се радува , таа почнува да станува злобна или барем така тврди Линдзи.
Кога родителите на Линдзи се разведуваат, татко ѝ го сака старателство над неа бидејќи таа веќе заработува милиони долари. Кариерата на Линдзи не оди добро, таа има проблеми со алкохолот, дрогата, се гледа дека претерала и со пластичната хирургија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.














