| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Кардишјан ја доби својата прва самостојна насловна на „Вог“

00038691

Ким Кардашијан официјално е единствената ѕвезда од реално шоу што успеала да ги освои камените срца на модната елита.

Г-ѓа Вест веќе ја освои првата самостојна насловна страница на „Вог“, што официјално ја приклучува кон модните икони на сегашноста.

Ким е насловното лице во февруарскиот број на австралиското издание на модната библија. Фотосесијата е направена на пуста плажа во Австралија, а на фотографиите Кардашијан е речиси без никаква шминка. За фотографиите на насловната, стилистите на изданието избрале фустан од една од омилените марки на Ким – „Балмејн“.

029963-95fe2f22-9904-11e4-b380-6759e7d08be1(2)

Ве потсетуваме дека заедно со нејзиниот сопруг Кање Вест, таа е лице на пролетната колекција на францускиот бренд.

Првата корица на „Вог“, на која се појави Ким, беше токму заедно со Кање. Тогаш главната уредничка на американското издание на списанието доби илјадници критики за изборот на лица за насловната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top