Српската пејачка Неда Украден минала три часа во даночната управа на Србија каде што на инспекторите им објаснувала од каде ѝ е имотот. Таа морала да донесе докази дека уредно плаќа даноци и дека го нема прекршено законот, пренесува српски „Курир“.
– Нема што да кријам. Повикана сум на информативен разговор. Последниве неколку години настапувам најмногу во Хрватска и во Словенија, а парите ми легнуваат директно на жиро-сметка. Имам многу имот, но, за среќа, ги имам
зачувано сите купопродажни договори – изјави Украден за весникот.
Се претпоставува дека српската естрада годишно прикрива имот од дури 87 милиони евра. Деновиве српските власти се во лов на естрадни sвезди за кои се соменеваат дека прикриле данок. На разговор биле повикани и Здравко Чолиќ и Наташа
Беквалац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство