Голем пожар ги зафати просториите на Регионалниот совет на англиската област Оксфордшир кој, и покрај интервенцијата на пожарникарските екипи од Оксфорд и неговата околина, сѐ уште не е ставен под контрола.
Пожарот избувнал во текот на ноќта, по три часот по Гринич, кога биле повикани пожарникарите и екипите за спасување.
Засега не се знае што го предизвикало толку силниот пожар во зградата на регионалната администрација, но постои сомнеж дека огнот е подметнат.
– Веруваме дека пожарот избувнал како резултат на подметнат оган – изјави претседателот на регионалниот совет на Оксфордшир, Џон Котон, без да даде други детали за своето тврдење.
За пожарот прв известил еден неидентификуван човек кој се јавил во радио Оксфорд, а потоа и локалните таксисти, кои изјавиле дека пожарот се развивал со голема брзина.
Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија, настојувајќи тој да не продолжи да се шири. Покрај пожарот на главната зграда, пожарникарските екипи се борат и со два други пожари во непосредна близина на административниот комплекс.
Пожарот веќе ги зафатил и покривот на зградите, кои доколку се урне целосно, ќе бидат уништени просторииите на регионалниот совет на Оксфордшир.
Во главната зграда во текот на денот работат 400 луѓе и во неа се сместени службите за домување, планирање и за градежна инспекција, додека во другите два згради обично работат 200 лица.
Претставник на спасувачките екипи изјави дека е среќа што пожарот се случил во текот на ноќта, кога во зградите нема никого, па на тој начин се избегнати можните жртви.
Досега нема сознанија за настрадани или за повредени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.