| четврток, 6 декември 2018 |

Обама и Камерон: Создаваме фронт против тероризмот

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон ветија обединет фронт против исламските екстремисти, по серијата напади во Франција, во заедничкиот вовед, кој го објави британскиот весник „Тајмс“.

Во воведот, кој е објавен во пресрет на посетата на Камерон на Вашингтон, двајцата лидери изјавија дека безбедноста е неопходна за економската сила и оти двете земји заедно ќе се борат против тероризмот.

– Заедно ќе се спротивставиме на оние кои ги загрозуваат нашите вредности и нашиот начин на живот. Кога вредностите што ги негуваме беа брутално нападнати во Париз, светот одговори обединето – нагласи Обама и Камерон.

– Ние ќе ги поразиме овие варварски убијци и нивната изопачена идеологија, со која се обидуваат да го оправдаат убивањето невини луѓе – порачаа тие.

Обама и Камерон завршија со заклучокот дека ќе продолжат да вршат притисок врз Русија поради „агресивните постапки“ во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top