| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурс за Зборникот на поезија и кратка проза „Ракописи 38“

Домот на млади од српскиот град Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори од земјите од поранешна Југославија да испратат свои дела на годинешниот 38-ми по ред конкурс за Зборникот на поезија и кратка проза „Ракописи 38“.

Заинтересираните треба да испратат три песни и/или три раскази; песните со должина до 2, а расказите до 3 компјутерски страници (до 7.000 знаци, големина на фонт 12), потпишани со целосно име и презиме, година на раѓање, адреса, број на телефон и e-mail на адресата: Дом омладина, „Светог Саве“ бр. 10, 26 000 Панчево, Србија (со назнака „За Ракописи 38“) или на mail: zbornikrukopisi@gmail.com.

Организаторите велат: „Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на конурсот и рокот за испраќање на делата! „Ракописи 38“ ќе излезе од печат до мај идната година, а кон крајот на мај е планирана и промоција во Панчево, односно дводневен фестивал. На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора кои нема да бидат во можност да дојдат на промоцијата, примероците ќе им бидат испратени по пошта“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top