| четврток, 6 декември 2018 |

МКЦ в сабота со изложба, концерт и филмски проекции ќе го прослави роденденот

Со изложба, концерт, поетско-сценски настани, филмски маратон, музика Младинскиот културен центар (МКЦ) в сабота на 17 јануари ќе го прослави роденденот. Настанот е насловен „Роденден“ и претставува прво случување во МКЦ во новата 2015 година.

За таа цел МКЦ организира изложба насловена „Простор, Човек, Симбол“ на Александар Станкоски, а повеќе од 20 поети ќе настапат на поетско-сценски перформанс „Песнило“.

Во бифе МКЦ музика ќе селектираат Саша Павловиќ, Соња Исмаил и Шурбе(ира), додека во кино „Милениум“ ќе има бесплатен 24-часовен филмски маратон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top