| четврток, 6 декември 2018 |

По пауза од 17 години, „јастребите“ грабнаа 10 победи по ред

Атланта хоукс си поигрува со ривалите во НБА-лигата и сигурно чекори кон плејофот, а ноќеска ја забележи десеттата победа по ред, подвиг што го приреди по пауза од 17 години.

Паро Антиќ одигра 24 минути како стартер и постигна 6 поени комбинирани со 5 скока во триумфот против Бостон од 105-91. Атланта на последните два меча имаше полесни противници и ги одмори главните играчи. Претходно со Филаделфија не играа Милсеп, Тиг, Антиќ и Керол, а ноќеска со Бостон паузираа Хорфорд и Корвер.

Indiana Pacers at Atlanta Hawks

Атланта има биланс од 31-8 и е лидер во Источната конференција, а со победата во Бостон оваа генерација на Хоукс се запиша во клупската историја како прва со 10 победи во низа на гостински терен.

Резултати: Бостон – Атланта 91-105, Шарлот – Сан Антонио 93-98, Орландо – Хјустон 120-113, Бруклин – Мемфис 92-103, Детроит – Њу Орлеанс 94-105, Торонто – Филаделфија 100-84, Чикаго – Вашингтон 99-105, Денвер – Далас 114-107, Голден стејт – Мајами 104-89, Портланд – ЛА Клиперс 94-100.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top