| четврток, 6 декември 2018 |

Симона Станковска ќе ја претставува Македонија на „Мис Медитеран“

unnamed

В сабота, на 17. јануари, во Кирениа, Кипар, на брегот на Средоземното море, ќе се одржи изборот „Мис Медитеран 2015“. Македонија ќе ја претставува 19-годишната Симона Станковска од Скопје, позната како модел од Модното студио „Црнокрак“ и како водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“

Таа е 10 дена е на Кипар каде заедно со другите девојки од медитеранските држави се подготвува за големото финале.

unnamed (1)

Ова не и е прв настап на Симона на интернационални избори за убавина. Таа како победничка на изборот за Мис на Македонија 2013 за „Мис на светот“ истата година освои дури четири титули. Следната година во Кина, во Санија, на островот Хајнан на интернационален избор за модели, во конкуренција на преку 80 девојки од целиот свет, ја освои титулата втора придружничка.

unnamed (2)

Таа се поготвуваше изминативе неколку месеци со нејзиниот личен тренер Саша Цветковски, а на изборот ќе се претстави со модели на Елена Лука.

Организатор на изборот е Аја продукција од Бејрут, Либан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top