| четврток, 6 декември 2018 |

Ривали за мерак и за пат во нокаут-фазата

Хр­ват­ска, спо­ред тра­ди­ци­ја­та, бо­га­та­та ко­лек­ци­ја ме­да­ли, но и ин­ди­ви­ду­ал­ни­от ква­ли­тет на ра­ко­ме­та­ри­те, ќе би­де прв фа­во­рит во гру­па­та Б, во ко­ја е во друш­тво на Ма­ке­до­ни­ја, Ту­нис, Ав­стри­ја, БиХ и на Иран. Во овој со­став има два де­би­тан­ти на мун­ди­ја­ли­те, Иран и БиХ, „ста­ро­се­дел­ци“ ка­ко Хр­ват­ска, Ма­ке­до­ни­ја и Ту­нис и се­лек­ци­ја што е во не­ве­ро­ја­тен по­дем во ли­кот на Ав­стри­ја. За плас­ман во но­ка­ут-фа­за­та се по­треб­ни нај­мал­ку две по­бе­ди и плас­ман од пр­ва­та до че­твр­та­та по­зи­ци­ја

Ма­ке­до­ни­ја има ре­ла­тив­но лес­на гру­па во по­чет­на­та фа­за од нат­пре­ва­ри­те на Свет­ско­то пр­венс­тво во Ка­тар, а ри­ва­ли ни се Хр­ват­ска, Ав­стри­ја, БиХ, Ту­нис и Иран. Стар­тот на ра­ко­мет­ни­от мун­ди­јал за нас е на 16 ја­ну­а­ри, со нат­пре­ва­рот про­тив Ту­нис. След­ни­от ден про­тив­ник ќе ни би­де Иран, по­тоа на 19 ја­ну­а­ри ќе го игра­ме бал­кан­ско­то дер­би со БиХ, два де­на по­доц­на ќе ги од­ме­ри­ме си­ли­те со Хр­ват­ска во уште ед­но ре­ги­о­нал­но дер­би, за да го за­вр­ши­ме на­ста­пот во пр­ва­та фа­за во гру­па­та Б со меч про­тив Ав­стри­ја.

Мош­не важ­но ќе би­де ко­ја по­зи­ци­ја ќе ја има Ма­ке­до­ни­ја во гру­па­та Б, а ам­би­ци­и­те се плас­ман ме­ѓу пр­ви­те че­ти­ри се­лек­ции за да се обез­бе­ди плас­ман во след­на­та фа­за. Вед­наш ќе се игра­ат но­ка­ут-ме­че­ви, а ре­пре­зен­та­ци­и­те од на­ша­та гру­па ќе се „вкр­стат“ со се­лек­ци­и­те од гру­па­та А ка­де што се Шпа­ни­ја, Сло­ве­ни­ја, Ка­тар, Бе­ло­ру­си­ја, Бра­зил и Чи­ле. Прин­ци­пот е до­бро поз­нат и во ели­ми­на­ци­ска­та фа­за ќе игра­ат пр­ви­от од ед­на­та гру­па со че­твр­ти­от од вто­ра­та гру­па, вто­ри­от со тре­ти­от и обрат­но. Плас­ман во че­твр­тфи­на­ле­то ќе зна­чи отво­ра­ње на пор­ти­те за на­стап на Лет­ни­те олим­пи­ски игри во Рио де Жа­не­и­ро во 2016 го­ди­на, ка­де што ќе игра­ат нај­до­бри­те се­дум се­лек­ции од шам­пи­о­на­тот во Ка­тар.

Ка­ко во­дич на ра­ко­мет­ни­от мун­ди­јал, спо­ред ре­дос­ле­дот на нат­пре­ва­ри, ви ги прет­ста­ву­ва­ме про­тив­ни­ци­те на Ма­ке­до­ни­ја во пр­ва­та фа­за во рам­ки­те на гру­па­та Б.

 

Flag-of-Tunisia-256
Ту­нис – еу­фо­ри­ја што трае це­ла де­це­ни­ја

sport123-Tunisia

Ра­ко­ме­тот во Ту­нис е еден од нај­по­пу­лар­ни­те спор­то­ви, а оваа ре­пре­зен­та­ци­ја е број 1 во Афри­ка. Во Ка­тар ќе учес­тву­ва­ат по 12. пат на свет­ски­те пр­венс­тва, што е ре­корд во кон­ку­рен­ци­ја на се­лек­ци­и­те од нај­си­ро­маш­ни­от кон­ти­нент. Еу­фо­ри­ја­та по ра­ко­ме­тот ја до­стиг­на кул­ми­на­ци­ја­та во 2005 го­ди­на, ко­га Ту­нис бе­ше до­ма­ќин и се про­би до по­лу­фи­на­ле­то. И то­гаш ги пред­во­де­ше ле­ген­дар­ни­от се­ле­ктор Се­ад Ха­са­не­фен­диќ, кој ги до­ве­де до би­тка за ме­да­ли, за жал на Ту­ни­жа­ни­те, без за­вр­шен удар. Во по­лу­фи­на­ле­то за­гу­би­ја од Шпа­ни­ја, ко­ја ста­на свет­ски пр­вак, а по го­ле­ма би­тка го за­гу­би­ја и брон­зе­ни­от ме­дал по по­ра­зот со 25-26 од Фран­ци­ја.

Во нов по­ход по под­виг Ту­нис ќе трг­не со Ха­са­не­фен­диќ на кор­ми­ло­то, а овој пат си­ту­а­ци­ја­та е по­по­вол­на за нив. Има­ат ду­зи­на од­лич­ни ра­ко­ме­та­ри, кои игра­ат во Евро­па, пред­во­де­ни од Жа­луз, кој е со­и­грач во Бар­се­ло­на на на­ши­от ка­пи­тен Ки­рил Ла­за­ров. Уште на стар­тот од нат­пре­ва­ри­те во гру­па­та Б ќе гле­да­ме прес­ме­тка ме­ѓу двај­ца­та со­и­гра­чи во Бар­са, од кои за­ви­сат мно­гу ра­бо­ти во две­те се­лек­ции. Жа­луз е мош­не си­лен ра­ко­ме­тар, ви­стин­ски ат­лет со раз­о­рен шут и ако вле­зе во се­ри­ја мо­же да би­де мно­гу опа­сен. На нат­пре­ва­ру­ва­ње­то Су­перг­ло­уб во 2012 го­ди­на му да­де осум го­ла на гер­ман­ски­от ги­гант Кил и след­на­та го­ди­на ста­на член на „зе­бри­те“. По­тоа за­ми­на во Бар­се­ло­на ка­ко еден од нај­та­лен­ти­ра­ни­те свет­ски ра­ко­ме­та­ри. Жа­луз има 23 го­ди­ни и е гла­вен адут на Ту­нис во Ка­тар, но не тре­ба да се за­бо­ра­ви де­ка во со­ста­вот на афри­кан­ски­от шам­пи­он има уште де­се­ти­на ра­ко­ме­та­ри, кои, пре­теж­но, игра­ат во фран­цу­ски­те клу­бо­ви. Ами­не Ба­нур е, исто та­ка, вр­вен стре­лец, а тре­ба да се вни­ма­ва и на од­лич­ни­от пи­кер Исам Теј, кој игра за Мон­пел­је. Ту­ни­жа­ни­те ве­лат де­ка цел­та е да се по­ми­не пр­ва­та фа­за, но по­тај­но се на­де­ва­ат на нов по­ход на ме­дал.

 

Flag-of-Iran-256
Иран – ис­пол­нет со­нот за де­би на мун­ди­ја­ли­те

sport123-Iran

Иран ќе де­би­ти­ра на Свет­ско пр­венс­тво, а до за­пис во исто­ри­ја­та и го­лем ус­пех за нив, ра­ко­ме­та­ри­те ста­саа со осво­ју­ва­ње на тре­то­то ме­сто на Ази­ски­те игри во Ба­хре­ин го­ди­на­ва. И тоа го на­пра­ви­ја со стил, без ус­лу­ги­те на нај­до­бри­от играч Иман Ја­ма­ли. Ле­ви­от бек на ун­гар­ски Вес­прем, во тој пер­и­од на­ста­пу­ва­ше на за­врш­ни­от тур­нир за ти­ту­ла­та во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и ста­на пр­ви­от Ази­ец што на­ста­пил на за­врш­ни­ца­та на по­пу­лар­ни­от „Ве­лукс Ф4“.

Ја­ма­ли ќе игра во Ка­тар за Иран и тој е глав­ни­от адут на Иран­ци­те, за­ед­но со Са­јад Есте­ки. Тие двај­ца беа нај­до­бри стрел­ци на ју­ни­ор­ско­то СП во Гр­ци­ја пред че­ти­ри го­ди­ни. Есте­ки по­стиг­на 91 по­го­док, а зад не­го на ли­ста­та на стрел­ци­те бе­ше Ја­ма­ли со 80 го­ла. Кај Иран­ци­те вид­лив е трен­дот на за­бр­зан раз­вој на ра­ко­ме­тот, а пла­нот е што по­ве­ќе ра­ко­ме­та­ри да на­ста­пу­ва­ат за сил­ни европ­ски еки­пи.

За да би­дат кон­ку­рент­ни во Ка­тар, во со­ста­вот вклу­чи­ја и двај­ца ра­ко­ме­та­ри што се Иран­ци по по­тек­ло, но се ро­де­ни во Скан­ди­на­ви­ја. Да­ни­ел Ко­ма­јеш и Ни­ма Зи­ма­ни са­мо ќе до­не­сат до­пол­ни­тел­но искус­тво и ква­ли­тет од швед­ска­та и во дан­ска­та ра­ко­мет­на ли­га. До­пол­ни­те­лен плус е што оваа ге­не­ра­ци­ја ре­пре­зен­та­тив­ци ја пред­во­деа европ­ски се­ле­кто­ри. Во Ка­тар од клу­па­та ќе ди­ри­ги­ра Сло­ве­не­цот Бо­рут Ма­чек, а пред не­го се­ле­ктор бе­ше не­ко­гаш­ни­от нај­до­бар свет­ски ра­ко­ме­тар во из­бо­рот на ИХФ, Ра­фа­ел Ри­хо­са (на­гра­да­та ја до­би во 1999 го­ди­на).

 

Flag-of-Bosnia-and-Herzegovina-256
БиХ – зем­ја­та со ле­ген­дар­ни ра­ко­ме­та­ри за прв­пат на СП

sport123-Bosnia

Бос­на и Хер­це­го­ви­на има бо­га­та ра­ко­мет­на исто­ри­ја со врв­ни игра­чи од ка­ли­ба­рот на Абаз Арс­ла­на­гиќ, Зла­тан Са­ра­че­виќ, Ир­фан Сма­и­ла­гиќ, Не­бој­ша По­по­виќ… Ра­ко­ме­та­ри што оста­ви­ле тра­ен бе­лег во свет­ски­от ра­ко­мет. Тие се дел од злат­ни­те вре­ми­ња на ју­гос­ло­вен­ски­от ра­ко­мет, ко­га БиХ по­ну­ди пле­ја­да врв­ни ра­ко­ме­та­ри и ја има­ше пр­ва­та еки­па што го осво­и­ла европ­ски­от врв. Бо­рац Ба­ња Лу­ка во 1976 го­ди­на ста­на европ­ски пр­вак во то­гаш­ни­от Куп на шам­пи­о­ни­те. Тоа се ста­ри­те до­бри вре­ми­ња, на кои во БиХ се се­ќа­ва­ат со ра­дост, а нов све­тол мо­мент за исто­ри­ја на не­за­вис­на БиХ се слу­чи на 15 ју­ни 2014 го­ди­на. Во ист ден ма­шка­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја на БиХ го оди­гра пр­ви­от меч на мун­ди­ја­ли­те и по го­ле­ма би­тка за­гу­би со 1-2 од свет­ска ве­ле­си­ла ка­ква што е Ар­ген­ти­на. Не­кол­ку ча­са прет­ход­но ра­ко­ме­та­ри­те на­пра­ви­ја ви­стин­ски под­виг со ре­ми­то 29-29, во Рејк­ја­вик, про­тив Ис­ланд, за прв плас­ман на СП. Со нас, Хр­ват­ска и Сло­ве­ни­ја Бо­сан­ци­те го чи­нат бал­кан­ски­от квар­тет во Ка­тар. И ждреп­ка­та са­ка­ше трој­ца од нив да се во гру­па­та Б.

Ка­ко што са­ми­те ве­лат, во БиХ со­ста­вот за Ка­тар не­ма го­ле­ми ѕвез­ди, но тим­ски­от дух им да­ва на­деж за ус­пех. Му­ха­мед То­ро­ма­но­виќ, кој игра во фран­цу­ски Кре­теј за­ед­но со на­ши­от гол­ман Бор­ко Ри­стов­ски, от­скок­ну­ва со ква­ли­те­тот. Искус­ни­от пи­кер (30 го­ди­ни) има 111 на­ста­пи за БиХ и 382 го­ла, убед­ли­во најм­но­гу од оваа ге­не­ра­ци­ја на ра­ко­ме­та­ри. Ту­ка е и чле­нот на Вес­прем Мир­сад Тер­зиќ, по­тоа и Ни­ко­ла Пр­це, Иван Ка­ра­чиќ (брат на вар­да­ро­ви­от гол­ге­тер Игор Ка­ра­чиќ). Се­пак си­ла­та на ти­мот е во ко­ле­ктив­ни­от дух и во пре­поз­нат­ли­ви­от ма­ги­чен бал­кан­ски стил на игра, со мно­гу дух, со ра­ко­ме­та­ри што има­ат врв­на тех­ни­ка.

До исто­ри­ја и прв на­стап на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње ги пред­во­де­ше се­ле­кто­рот Дра­ган Мар­ко­виќ, кој ќе би­де пред­вод­ник на БиХ од клу­па­та и во Ка­тар.

 

Flag-of-Croatia-256
Хр­ват­ска – ги­гант со врв­на ко­лек­ци­ја на ме­да­ли

sport123-Croatia

Са­мо тре­ба да се пог­лед­не ко­лек­ци­ја­та на ме­да­ли на Хр­ват­ска за да ста­не јас­но кој е фа­во­рит во гру­па­та Б, па и дел од глав­ни­те пре­тен­ден­ти за свет­ска­та кру­на во Ка­тар. По­пу­лар­ни­те „ог­не­ни“ во ви­три­ни­те има­ат две олим­пи­ски зла­та, ед­на свет­ска кру­на, а не­до­сти­га са­мо најс­ја­ни­от ме­дал од ЕП, ка­де што на два­па­ти гу­беа во фи­на­лен нат­пре­вар.

Во Ка­тар ќе по­ста­ват не­се­којд­не­вен ре­корд со 11 учес­тва ед­но­по­дру­го на ра­ко­мет­ни­те мун­ди­ја­ли. Со­ста­вот што го има­ат свет­ски­те пр­ва­ци од 2003 го­ди­на е ви­стин­ски ра­ко­ме­тен дрим-тим. Игор Во­ри, До­ма­гој Дув­њак, Иван Чу­пиќ, Ма­ну­ел Штр­лек, Мар­ко Копл­јар, Мир­ко Али­ло­виќ, Ја­ков Го­јун, Игор Ка­ра­чиќ и уште де­се­ти­на врв­ни асо­ви ќе му би­дат на рас­по­ла­га­ње на се­ле­кто­рот Сла­вко Го­лу­жа. Ќе го не­ма Јо­сип Вал­чиќ по­ра­ди по­вре­да, но сла­тки­те ма­ки ка­ко да се ску­си по­ши­ро­ки­от спи­сок на ра­ко­ме­та­ри за Ка­тар му оста­ну­ва­ат на Го­лу­жа.

Ед­но­став­но, во та­бо­рот на Хр­ва­ти­те има прем­но­гу ин­ди­ви­ду­а­лен ква­ли­тет, што тре­ба да се пре­то­чи во тим­ски дух за ус­пе­шен на­стап во Ка­тар и за про­дол­жу­ва­ње на тра­ди­ци­ја­та во осво­ју­ва­ње ме­да­ли на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња.

Опас­но­ста дем­не од си­те по­зи­ции, а Хр­ва­ти­те ќе има­ат и сил­на клу­па, ка­ко до­пол­ни­те­лен адут на еден од нај­ква­ли­тет­ни­те со­ста­ви за на­стап на те­жок тур­нир ка­ков што ќе би­де мун­ди­ја­лот во Ка­тар.

 

Flag-of-Austria-256
Ав­стри­ја – со­став од Бун­дес­ли­гата што не смее да се пот­це­ни

sport123-Austria

Ав­стри­ја има ин­те­рес­на при­каз­на и е се­лек­ци­ја со мно­гу на­ту­тра­ли­зи­ра­ни ра­ко­ме­та­ри. Или по­точ­но со игра­чи што има­ат по­тек­ло од дру­ги зем­ји, но се ро­де­ни во Ав­стри­ја. За зем­ја со скром­на ра­ко­мет­на тра­ди­ци­ја, со сил­на екс­пан­зи­ја, зна­чај­но е што во пос­лед­но вре­ме е сѐ по­при­сут­на на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња. И има ду­ри де­вет ра­ко­ме­та­ри што на­ста­пу­ва­ат во клу­бо­ви од гер­ман­ска­та Бун­дес­ли­га. По­да­ток што пре­ду­пре­ду­ва, иа­ко со нив има­ме од­ли­чен би­ланс. На два­па­ти ни беа ри­ва­ли во ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лу­си за го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, а ги по­бе­див­ме во 2014 го­ди­на на ЕП во Дан­ска со 22-21.

Дол­го вре­ме кај Ав­стриј­ци­те ал­фа и оме­га е плеј­меј­ке­рот Ви­ктор Ши­ла­ѓи, ра­ко­ме­тар што е ро­ден во Бу­дим­пе­шта и е Ун­га­рец, на­ту­ра­ли­зи­ран и игра за Ав­стри­ја. Во Дан­ска, ма­ке­дон­ски­те ра­ко­ме­та­ри ус­пеш­но го со­преа и не ус­пеа да по­стиг­не ни­ту еден гол, што зна­чи де­ка го има­ме ре­цеп­тот за глав­ни­от играч кај пос­лед­ни­от про­тив­ник со ко­го ќе игра­ме во фа­за­та по гру­пи. Во со­ста­вот го не­ма нај­е­фи­кас­ни­от ра­ко­ме­тар од ду­е­лот во Хер­нинг про­тив Ма­ке­до­ни­ја, Ко­нрад Вил­чин­ски. Тој ни да­де се­дум го­ла, но се­га не­ма да на­ста­пи во Ка­тар би­деј­ќи за­ми­на в пен­зи­ја. По­втор­но ќе тре­ба да вни­ма­ва­ме на ле­во­то кри­ло Ро­берт Ве­бер, кој ни за­да­ва­ше мно­гу ма­ка во Хер­нинг. Тре­ба са­мо да се наг­ла­си де­ка тој е пр­ви­от Ав­стри­ец што бил нај­до­бар стре­лец во сил­на­та Бун­дес­ли­га за да би­де јас­но за ка­ков ква­ли­те­тен ра­ко­ме­тар се ра­бо­ти. Од спро­тив­на­та стра­на ќе би­де опа­сен и Ра­ул Сан­тош, а со од­бра­на­та ко­ман­ду­ва из­во­нред­ни­от гол­ман Ни­ко­ла Ма­ри­но­виќ. По­тен­ци­јал­но из­не­на­ду­ва­ње на кое тре­ба се­ри­оз­но да се сме­та е Ни­ко­ла Би­лик, мом­че што ја зас­лу­жи на­гра­да­та за нај­ко­ри­сен играч (МВП) на ју­ни­ор­ско­то ЕП, ла­ни.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 123. број на неделникот „Република“, 9.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top