| четврток, 6 декември 2018 |

Вработен во германското разузнавање украл листа со тајни идентитети на 3.500 агенти

­ Германските власти се сомневаат дека вработен во разузнавачката агенција украл листа на која се имиња и тајни идентитети на 3.500 агенти, објави денеска „Билд“, цитирајќи безбедносни извори.

Засега не се знае дали доверливата листа која е од 2011 година е однесена во странски разузнавачки агенции.

Имињата и тајните идентитети се пронајдени на хард­диск, што му припаѓал на поранешен вработен во германската разузнавачка агенција БНД, кој беше уапсен во јули заради шпионажа.

Тој е обвинет дека во изминатите неколку години оддавал тајни на САД. „Билд“ наведува дека тој човек им предал на американски служби преку 200 скенирани документи. БНД засега не излезе со коментар за написите на весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top