Германските власти се сомневаат дека вработен во разузнавачката агенција украл листа на која се имиња и тајни идентитети на 3.500 агенти, објави денеска „Билд“, цитирајќи безбедносни извори.
Засега не се знае дали доверливата листа која е од 2011 година е однесена во странски разузнавачки агенции.
Имињата и тајните идентитети се пронајдени на харддиск, што му припаѓал на поранешен вработен во германската разузнавачка агенција БНД, кој беше уапсен во јули заради шпионажа.
Тој е обвинет дека во изминатите неколку години оддавал тајни на САД. „Билд“ наведува дека тој човек им предал на американски служби преку 200 скенирани документи. БНД засега не излезе со коментар за написите на весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)