| четврток, 6 декември 2018 |

Русите конечно ќе може да го видат филмот „Левијатан“

levijatan

Рускиот филм „Левијатан“ на Андреј Звјагинцев кој доби „Златен глобус“ за најдобар странски филм конечно ќе биде прикажан во земјата во која е направен.

Верзијата, која ќе се најде во руските кино-сали од 5 февруари е поинаква од онаа која се емитуваше во странство, на фестивалите, меѓу кои и на последниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ каде што битолската публика уживаше во филмот.

Во согласност со неодамна донесениот закон, филмот претходно морал да биде „исчистен“ од пцовки и простотии, изјави за агенцијата АФП еден од продуцентите, Александар Родњански.

„Левијатан“ е многу критички филм за состојбата во Русија. Јунакот во филмот е средовечен автомеханичар од еден град на Северното ледено море кој влегува во судир со корумпираниот локален градоначалник кој се намерачил на неговата куќа, на чие место планира да изгради зграда на телеком.

„Левијатан“ е филм кој на Канскиот фестивал во 2014 година освои Златна палма за сценарио и е руски кандидат за годинешната трка за „Оскар“ за најдобар странски филм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top