| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер за паметење – Најдобрите покажаа зошто се најдобри

10906171_846365038717549_79501466927656677_n

Вечер за паметење -така велат оние кои имаа можност да присуствуваат на овогодинешниот традиционален Василичарски концерт во МОБ. Годинешниот наслов „Најдоброто од најдоброто“ е соодветен за она што две вечери се одржуваше на сцената на МОБ. Цели два часа публиката уживаше во миксовите од свинг и џез нумери, македонски евергрини, филмски песни, сето тоа под диригентската палка на Бисера Чадловска, а испеани од најпопуларните имиња на нашата естрада и хорот на оркестарот на МОБ.
Вечерта ја отвори оперскиот пејач Владимир Саздовски со нумерата „Parla piu piano“ од култниот „Кум“, а потоа на сцената се појавија Сандра Манчева, Александар Тарабунов, Маријан Стојановски, Сара Мејс. Нина Јанева, имаше одлична, емотивна изведна на песната „I have nothing“. Публиката аплаудираше за време на нејзината изведба, а неизбежно беше и враќањето на бис. Маја Панчева го отпеа евергринот „Летај гулабе“. А Наде Талевска беше една од оние, кои публиката со аплауз ги бараше назад на сцената. Предизвика воодушевување со интерпретацијата на „Listen“ од Бијонсе, како и „Остани во мене“ во дует со Горан Наумовски. Настапија и Дексо, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Тијана Дапчевиќ… Аплауз и овации и за емотивната изведна на песната „At least“ на Тамара Тодевска.
Џон Илија Апелгрин ја отпеа прекрасната „Њујорк Њујорк“, потоа се појави Ѓорги Цуцковски, а Каролина Гочева ја разнежни публиката со изведбата на хитот „Stop“. Вечерта ја заокружи настапот на Весна Гиновска Илкова со песната „Skyfall“ на Адел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top