
Министерството за образование и наука го поддржува денешниот предлог на УКИМ за спроведување пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување. Понудениот предлог од МОН позитивно го оценуваат и сметаат дека е конструктивен и добар.
Во соопштението наведуваат дека Министерството за образование и наука позитивно ја оценува досегашната јавна дебата и дискусија која се реализира со цел да се унапреди и надгради предложениот пакет реформи за подигнување на квалитетот на севкупниот образовен систем во Република Македонија.
– Изразувајќи почит кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и другите универзитети, Министерството за образование и наука останува отворено за секоја аргументирана иницијатива и предлог реформа која значи понатамошно унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија – стои во соопштението.
Потсетуваат дека во изминатиот тримесечен период, прифатени и инкорпорирани се повеќе од 20 предлози кои беа понудени од високо образовните установи, професорите и студентите, како и од останатите општествени чинители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


