Група од 67 деца од Кумановско,утрово заминаа на зимување во детското одмаралиште Пелистер, во рамки на проектот на Министертвото за труд и социјална политика за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.
Со проектот, опфатени се деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца корисници на посебен додаток, детски додаток и децата без родители и родителска грижа, редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение.
Со оваа група деца заминаа и придружници, меѓу нив и тројца волонтери од кумановскиот Црвен Крст, информираше секретарот на општинската организација,Иле Митковски.
– Волонтерите се ангажирани за организирање на слободните активности бидејќи подготвена е програма за активен одмор и социјализација, која опфаќа воспитни, образовни, културни, забавни, спортско-рекреативни и други активности, појасни Митковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.