| четврток, 6 декември 2018 |

Новото име на Универзална сала е Конгресен центар „Александар Македонски“

univerzalna-540x303

Универзална сала ќе се преименува во Конгресен центар „Александар Македонски”, пишува весникот „Вечер“.

Според пишувањата, Централниот регистар на 8 јануари извршил промена на името на оваа установа. На сајтот на сега веќе старата Универзална сала може да се забележи дека во тек е изработката на нов сајт во кој ќе биде вметнато новото име на оваа установа.

Новата концертна сала е дизајнирана од архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн”. Ќе има голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории.

Универзална сала е привремен објект, подарок на градот Скопје од 20 држави, по земјотресот од 1963 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top