| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Кореја сигурно чекори кон октетот најдобри на азискиот куп

Јужна Кореа повторно победи со 1-0 во фазата по групи и е на чекор од четврт-финалето на азискиот куп. Со голот на Нам Тае Хе избраниците на селекторот Ули Штилике триумфираа против Кувајт и со 6 бода и меч повеќе се први на табелата во групата А.

d

Хе беше прецизен во 36. минута, а Јужна Кореја славеше по проверениот рецепт за нив со 1-0, идентично како и на првиот дуел со Оман. Ако Австралија го победи Оман на натпреварот што почна во 10 часот утрово, тогаш „кенгурите“ кои се домаќини на шампионатот и заедно со Јужна Кореја ќе патуваат во четврт-финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top