| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел во пустината во Доха (ФОТО)

На 15 јануари во спортската сала „Лусаил“ во Доха, Катар, пред 15-илјадна публика, Даниел Кајмакоски, заедно со уште 24 изведувачи од земјите- учеснички на Светското првенство во ракомет, ќе ја отпее химната „Live it “ создадена специјално за овој настан.

image-03760d93014d15b4704ac35f8f6000ac01aee09155dc123f23da8bec5d73be5a-V

Даниел во Катар замина пред неколку дена, а покрај  подготовките за настапот, ужива и во убавините на арапската земја.

image-e3495f5b2bb14a727adeb50ea163e0c7b3dfc1823b85d994c2d5d2a58ccffc2b-V

– Организацијата е на највисоко ниво и со сигурност нѐ очекува голем спектакл. Голема благодарност до организаторот кој ова за сите нас го направи незаборавно искуство. Посебно задоволство и чест ќе ми претставува да ги бодрам нашите ракометари на првиот натпревар – вели Кајмакоски.

image-cc3400f1ff03828ee2698500e7e050b281664ce81a18edc2d4ea2eacfb9bbcc1-V

Продуцентскат куќа „Мелоди ворлд“ од Лос Анџелес е носител на овој музички проект. Музички продуцент е Хасан ел Шафеи, а снимањето го организираше продуцентската куќа „ЈБМ“ од Дубаи и Владата на Катар.

image-ae9b0c136c015bd62f162bfbccca8fcac37883c598b900846045fd2215d044e1-V

Даниел пред три месеци беше во Париз, каде што со дел од изведувачите од останатите земји-учеснички на мундијалот ја снимија химната со наслов „Live it“. Освен во Париз, снимањето со останатите учесници се одвивање на уште три локации низ светот: Рио де Жанеиро, Мадрид и Доха. Меѓу изведувачите може да ги видите: Океана, Алја, Њуша, Александар Рубак, Лана Јурчевиќ…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top