На 15 јануари во спортската сала „Лусаил“ во Доха, Катар, пред 15-илјадна публика, Даниел Кајмакоски, заедно со уште 24 изведувачи од земјите- учеснички на Светското првенство во ракомет, ќе ја отпее химната „Live it “ создадена специјално за овој настан.
Даниел во Катар замина пред неколку дена, а покрај подготовките за настапот, ужива и во убавините на арапската земја.
– Организацијата е на највисоко ниво и со сигурност нѐ очекува голем спектакл. Голема благодарност до организаторот кој ова за сите нас го направи незаборавно искуство. Посебно задоволство и чест ќе ми претставува да ги бодрам нашите ракометари на првиот натпревар – вели Кајмакоски.
Продуцентскат куќа „Мелоди ворлд“ од Лос Анџелес е носител на овој музички проект. Музички продуцент е Хасан ел Шафеи, а снимањето го организираше продуцентската куќа „ЈБМ“ од Дубаи и Владата на Катар.
Даниел пред три месеци беше во Париз, каде што со дел од изведувачите од останатите земји-учеснички на мундијалот ја снимија химната со наслов „Live it“. Освен во Париз, снимањето со останатите учесници се одвивање на уште три локации низ светот: Рио де Жанеиро, Мадрид и Доха. Меѓу изведувачите може да ги видите: Океана, Алја, Њуша, Александар Рубак, Лана Јурчевиќ…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.